Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово и Србија. Според информациите на ЕМСЦ земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 9 километри од Врање.
Граѓаните веднаш се огласија на социјалните мрежи и, како што велат, ова е четврти земјотрес од синоќа.
„Добро удри! Немаше нишање, повторно вертикално“, сведочи граѓан на Врање кој го почувствувал потресот, пренесува „Б92“.
„Силно, но кратко“, се дел од коментарите на корисниците на EМСЦ.

Земјотресот бил почувствуван во делови од Македонија, Србија, Косово и Бугарија.
- „На 13.10.2024 година во 20.46 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Врање. Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат многу мали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје“, се вели на официјалната веб-страница на Институтот.
Денеска во Врање имало уште девет земјотреси со помала јачина, покажуваат податоците на веб-страницата на Институтот.





