Се почесто во земјава мета на крадците се обложувалниците кои очигледно се сигурен избор и извор на добивка на криминалците. Во последниот случај, непознато машко лице во саботата околу 22 часот со закана со пиштол го зел сиот промет односно уплата од вработениот во спортската обложувалница „Златна копачка“ на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје. Тој одзел околу 100.000 денари, по што го напуштил местото на настанот и заминал во непознат правец.



МВР изврши увид на местото на настанот и презема мерки за пронаоѓање на лицето, но за сега нема информација за овој, но и за повеќето грабежи на обложувалниците во кои секогаш постои свеж прилив на пари, особено во текот на викендот.