Нобел за мир за борците против куклеарно оружје
Годинашнава Нобеловата награда за мир е доделена на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје (IKAN).
Берит Реис-Андерсен, претседателка на Нобеловиот комитет, рече дека наградата е признание на „тешките напори на групата за постигнување договор за забрана“ на нуклеарното оружје во светот.
„Живееме во свет каде што ризикот од употреба на нуклеарно оружје е поголем отколку што беше долго време”, рече таа и посочи на нуклеарната опасност со која сега се заканува Северна Кореја.
Реис-Андерсен ги повика државите кои поседуваат нуклеарен потенцијал да иницираат преговори за постепено отстранување на ова оружје.
Во јули, 122 земји усвоија договор на ОН со цел да се забрани и на крајот да се елиминира целото нуклеарно оружје. Но, ниту една од деветте нуклеарни сили во светот – вклучувајќи ги и Велика Британија и САД – не го потпишаа.
ICAN, коалиција на стотина невладини организации, постои веќе 10 години и нејзиното седиште е во Женева, Швајцарија.
Групата ќе добие девет милиони шведски круни (1.1 милиони долари), заедно со медал и диплома на церемонијата во декември.





