Откако во српските медиуми се појави информација дека најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев преговара со екипата на Партизан, тој брзо реагираше и негираше дека заминува во Белград.
„Не знам ништо за најавите на Партизан. Навистина не знам од каде е оваа приказна. Пред неколку недели го продолжив договорот со Џенова. Овде ми е добро и среќен сум“, изјави нашиот репрезентативец кој преку медиумите ја демантираше оваа вест.
Пандев има 34 години, а во текот на кариерата играше за Беласица, Интер, Спеди, Анкон, Лацио, Наполи и Галатасарај. За нашата репрезентација на 87 натпревари постигна 30 гола.




