Сладолед кој се прави со 3 состојки и многу брзо. Нема додавање на шеќер, ниту млеко, а овој специјалитет ќе го правите буквално цело лето.
Состојки:
-3 замрзнати банани
-какао
–
-1 екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Излупете ги бананите и ставете ги во кеса за замрзнување, а потоа во замрзнувач. Потребно е да отстојат 2 часа.
Ставете ги замрзнатите банани во блендер или сецко.
Купете какао кое е високо квалитетно со цел да добиете подобар вкус. Ставете од какаото количина според вашиот вкус. Секако, не претерувајте
Во блендерот сипете го и екстрактот од ванила.
Ви требаат само уште неколку минути блендирање и сладоледот може да го послужите.





