„Сите нации имаат своја перцепција за нивниот идентитет и за некој е тешко е да го прифати тоа…
Проблемите што се преговараат (со Скопје) имаат врска со името, а решението за ова прашање не смее да влијае на идентитетот на граѓаните“
Ова меѓу другото го изјави Метју Нимиц во интервју за „Еуроњуз“ од кое делови пренесуваат грчки медиуми.
Еуроњуз потсетува дека министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, вчера рече дека „нема да има решение за името ако има потреба од преговори за промена во националноста, јазикот и идентитетот“.
Како што пренесува „Ефимирида“ медијаторот пак повтори дека постојат можности за решавање на спорот кој се провлекува веќе 25 години но и дека „Времето не е на наша страна. Ситуациите се менуваат, владите се менуваат, ние не сме знаеме каква ќе биде владата во Грција по две години. Не каква влада ќе има во Скопје. Не ја знаеме ситуацијата во регионот. Може да се случат настани кои ќе ја отежнат ситуацијата, во иднина ќе биде уште покомплицирано да најдеме решение. Не знаеме што ќе се случи во иднина, а разликите меѓу двете земји предизвикуваат загриженост“.
Метју Нимиц не сакал да коментира одржување на референдум во ПЈРМ, нешто на што е посветен премиерот Зоран Заев, кој изјави дека ревизија на Уставот во соседната земја е прашање што треба да се реши на национално ниво пренесува „Ефимрида“.
Во исто време, Нимиц истакнал дека прашањето на името останува отворено.
Околу информациите дека грчката влада претпочита ГорнаМакедонија, а за скопските власти било прифатливо Нова Македонија Нимиц одговори:
„Ги прочитав овие протекувања (на информации н.з.). Раководствата во Атина и во Скопје сé уште дискутираат за прашањето за да идентификуваат што би било најдобро. Во мојот предлог има 5 опции.Јас истакнав дека овие 5 предлози не исклучуваат постоење и на други и дека двете страни можат да дадат свои предлози…“





