По средбите во Атина, медијаторот Метју Нимиц во неговата редовна база, хотелот „Холидеј ин“, се подготвува за финалните разговори со македонската страна.
Нимиц, како што е најавено, ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, од премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.





