Нимиц во Атина, САД ја подржуваат неговата мисија

САД, преку својот амбасадор во Атина, Џозеф Пајет, ја потврдија поддршката за процесот во ОН околу грчко-македонскиот „спор“.



Амбасадорот Пајет, во интервју кое ќе биде прикажано вечерва на СКАЈ ТВ, изразува оптимизам во врска со напредокот на преговорите.

„Ние ќе сториме сé, како Америка – вели, меѓу другото, амбасадорот – за да ги поддржиме напорите на Нимиц во деновите и неделите што се пред нас”.

Интревјуто на Џефри Пајет коинцидира со посетата на медијаторот во разговорите за разликите околу името меѓу Макдонија и Грција, Метју Нимиц, кој денес допатува во Атина, а утре доаѓа во Скопје.

„Катимерини“ не пропушти да забележи дека амбасадорот Пајет го поздравил завршувањето на американската воено-поморска вежба која се одвивала под името „Александар Велики“.