„Мораме да гледаме на ова како на вистинско време, зборуваме за тоа 25 години, сите знаеме кои се проблемите. Време е за одлуки и верувам дека сме таму“, изјави специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц, по состанокот за министерот за надворешни работи Никос Коцјас во грчкотоМинистерството за надворешни работи.
Како што пренесуваат грчки медиуми, Нимиц ј опиша средбата како конструктивна и рече дека денес ги зел предвид ставовите на грчката страна, истакнувајќи дека „грчката влада е многу искрена и енергична за решавање на проблемот“.
Според “Катимерини“ тој додал дека „ Со години има неколку тешки проблеми, но тука постои волја, а јас верувам и во Скопје“, додаде тој, истакнувајќи дека „постои моментум“.
Тој, исто така, изрази задоволство од грчките позиции и ги оцени како „позитивни“.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој објасни дека им дал идеи на двете влади, но одби да говори за нив.
„Протекоа некои идеи, но јас не мислам дека морам јавно да ги кажам овие идеи“, рече тој, истакнувајќи дека „двете влади можат да имаат свои идеи и, се надевам, можат да искористат некои од моите идеи.
Никогаш не давам конечни идеи, јас сум посредник, јас не сум судија, ги дадов моите најдобри идеи кои постојат во моментот, изјави Нимиц денес во Атина.





