Никој веќе не трча без пари: СП во атлетика со награден фонд од 7 милиони долари

7 344 000 долари ќе биде наградниот фонд на Светското првенство во атлетика што во Лондон започнува во сабота на 4 август. Усаин Болт ќе го има последното учество на најголемиот собир во кралицата, на кој Македонија ќе биде застапена само преку Дрита Ислами која ќе трча на 400 метри со пречки. Таа секако не е кандидат за финале или за некоја од наградите кои од година во година растат.



Еве како ќе бидат распределени парите од наградниот фонд на Светското првенство:

Индивидуални дисциплини:

Злато: 60 илјади долари
Сребро: 30 илјади долари
Бронза: 20 илјади долари
Четврто место: 15 илјади долари
Петто: 10 илјади долари
Шесто место: 6 илјади долари
Седмото место: 5 илјади долари
Осмото место: 4 илјади долари

Во штафетите (наградите се за целиот тим):

Злато: 80 илјади долари
Сребро: 40 илјади долари
Бронза: 20 илјади долари
Четврто место: 16 илјади долари
Петто: 12 илјади долари
Шесто место: 8 илјади долари
Седмото место: 6 илјади долари
Осмото место: 4 илјади долари

Официјалните спонзори на турнирот обезбедија и дополнителна премија од 100 илјади долари за секој светски рекорд, поставен (израмнувањето нема да се наградува) во Лондон.