„Владатa донесе седум измени на закони, со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со тие измени овие контроли стануваат задолжителни најмалку два пати годишно на шест месеци, а може и почесто. Уште поважно е тоа што жалбата нема да го одлага извршувањето. Во досегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, а ова што ние го правиме со контролите го правиме на добра волја.“ – нагласи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.
„Нашата цел не е да казнуваме, туку да се воспостави ефикасен демократски систем, во кој оние, кои доброволно барале лиценци, ќе мораат да го почитуваат законот постојано. Не само што земавме 479 лиценци од урбанистичкото планирање и градење, туку на владина седница поминаа седум измени на закони, за кои што се надевам дека уште следната седмица ќе поминат и во Собранието. Со тие измени овие контроли стануваат задолжителни два пати годишно на шест месеци може и почесто. Уште поважно е тоа што жалбата нема да го одлага извршувањето. Во сегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, ние ова што го правиме го правиме на добра волја. Претходно требаше да се чека одлука на Управниот суд, па после тоа да се чека да стане правосилно решението. Ние велиме не, решението веднаш станува правосилно. Наша цел е да ги натераме оние, кои доброволно побарале лиценца, ако можеле да ги исполнуваат законските услови на денот на барање, да мораат да ги исполнуваат и во текот на целокупното работење. Затоа планираме ова да биде постојана акција пред се за подобрување на општеството. Наша цел е да се подобрува општеството, не е да казнуваме, казната доаѓа како пе рвентивна мерка.“ – истакна вицепремиерот Николоски.
Тој објасни дека компаниите го изигрувале законот со вработените со тоа што откако ќе ги исполнат законските услови со доволен број на вработени и ќе ја земат линценцата, веднаш потоа отпуштаат одреден број на вработени. Според Николоски, контроли не се правеле затоа што Законот до сега тоа не го предвидувал.
„Клучниот механизам на контроли, кој што ние сега го правиме, не е предвиден во ниту еден закон, тоа не е стриктно пропишано. Затоа ние на добра волја се организиравме со вработените, направивме систем на контрола и согласно со тој систем сега ги одземаме лиценците. Ако не ги направевме контролите, сега тие околу 500 компании ќе работеа со незаконски линцени. Ние решивме да градиме систем. Ќе успееме, ако продолжиме на овој пат. Ако успееме да изградиме систем, што ќе биде темел на идните генерации и кој ќе воспостави праг под кој нема да се оди, тогаш ќе имаме успешен мандат или мандати. Ако почнеме да калкулираме, тогаш наследството ќе биде многу лошо.“ – посочи вицепремиерот Николоски.
Тој напомна дека се започнати постапки за одземање на 479 лиценци во урбанистичкото планирање и градење, но најави дека таа бројка може да надмине и преку 500 одземени лиценци.





