Николоски: Жалиме што Бугарија се повлече од реконструкција на пругата Софија-Ѓуешево

 

Жалиме што Бугарската Влада ги повлече средствата предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево, изјави денеска вицепремиерот Александар Николоски по информацијата која што вчера излезе во медиумите во Република Бугарија



„Со жалење ја примавме информацијата која што вчера стигна, а која што е веќе и официјален документ усвоен од бугарската Влада со кој што Бугарија одлучи да ги тргне средствата кој што претходно беа предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево, имајќи ја предвид дека пруга има но пругата е во очајна состојба во Бугарија и практично не може да се користи и неможе да се изгради тунелот, да се изгради спојка со Ѓуешево, туку многу побитно да се направи реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се спојат, појасни Николоски.

Тој истакна дека македонската страна останува силно посветена на изградба на железничкиот Коридор 8.

„Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 мкилометри, која што оди од Бељаковце до градот Крива Паланка.

Во месец јануари ја пуштивме првата секција од Куманово до Бењаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел на изнаоѓање на заеднички прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави, изградба на третата секција затоа што сметаме дека Коридорот 8 е од исклучително значење не само за Македонија, туку за целиот регион и за цела Европа, тоа е НАТО Коридор, втор по значење Коридор за НАТО и нашата посветеност останува“, рече Николоски.