Tоа што Венко Филипче е носител во ИЕ 4 е дел од лидерска битка во рамки на СДСМ – рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.
„Тоа е класична лидерска битка.
Филипче сака да е лидер, а и Оливер Спасовски исто пледира на лидерско место во СДС.
А Филипче треба да одговори кога веќе се врати во политика која не неговата улога во тоа што живи изгореа 14 лица в модуларната во Тетово, што мисли за крими тендерот за стерилизација, што мисли за спорна набавка на вакцини од фирма во Хонг Конг, што мисли за тоа што Македонија имаше најголема смртност во време на корона, исто така која и неговата улога во случајот Онкологија“, наброи меѓу другото Николоски.






