Македонскиот активист од Канада, Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, со нова порака до сонародниците.
„Македонци, престанете да дозволувате луѓето да се однесуваат кон #Македонија како да е ‘нова’. Независноста на (дел од) држава не е раѓање на нација. Ние сме илјадници години постари од империјалистите кои сакаат да нè контролираат“, порача Николов на Твитер.






