Никола Димитров: Договорот со Бугарија е спремен, тој ќе покаже дека сме сериозни

Македонија и Бугарија го договориле текстот на договорот за добрососедство кој што треба да ги надмине долгогодишните тензии и недоразбирања меѓу двете земји, тврди агенцијата Ројтерс која го цитира министерот за надворешни работи Никола Димитров.



Лошите врски на Македонија со својот поголем источен сосед со која дели блиски историски, културно и јазични врски се пречка на македонските заглавени напори да за влез во НАТО и ЕУ, а Бугарија е дел од двете организации, вели агенцијата.

„Постигнавме компромис за текстот (со Бугарија). Потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија ќе биде добро за нашиот кредибилитет, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да создаваме пријатели во регионот“, изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за Ројтерс во интервју дадено во Трст за време на самитот за Западен Балкан.

Ројтерс пренесува дека според бугарското министерство за надворешни работи била постигната база за компромис. Софија се надева дека договорот ќе биде потпишан на 2 август на Илинден.