Нашиот единствен тим во Јадранската кошаркарска лига имаше чиста ситуација и добиен дуел со црногорскиот гостин, но загуби со 72-69 што го закова на дното во конкуренцијата. Средбата од 11 круг по многу нешта мораше да му припадне на МЗТ Скопје, особено кај водствата од 57-38 и 59-40 во третата четвртина и тоа од 63-48 на почетокот од последните десет минути, но од тој миг на теренот постоеја само играчите на Морнар кои до крајот направија 24-6 и славенички си заминаа од Јане Сандански.
Не помогна ни новиот тренер Жељко Лукаиќ, ни враќањето на навивачите во сала, па седмиот пораз во низа и деветти вкупно сезонава, но и последното место со два бода помалку од најблиските, се заканува да го испадне МЗТ Скопје од Јадранската лига.
Единствен пристоен во нашиот првак беше Бојан Трајковски кој имаше 17 поени.