Партијата Независни Грци, коалицискиот партнер без кој Владата на Алексис Ципрас нема мнозинство во грчкиот Парламент, нема да поддржи договор меѓу Атина и Скопје ако во името на соседот биде вклучен терминот „Македонија“, соопшти портпаролката Мадалена Пападопулу.
„Причината е тоа што употребата на името ‘Македонија’ поттикнува иредентизам во Скопје. Од друга страна, се чини дека е многу тешко, па дури и неизводливо, скопскиот премиер Зоран Заев да ја убеди заедницата што ја сочинува државата дека треба да се променат името и Уставот“, изјави таа за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека ним како партија им се неприфатливи и изведени зборови во името на северниот сосед што во себе ги го содржеле зборот „Македонија“.
„Атина не е страната на која ѝ се брза во изнаоѓањето решение“, нагласи таа и предупреди дека „Скопје и Албанија треба да сфатат дека Грција е клучната држава за нивната европска перспектива“.





