Бразилскиот напаѓач на Барселона Нејмар веќе ги договорил личните услови за новиот договор со ПСЖ, ексклузивно пишува францускиот L’Equipe. Договорот ќе биде на пет години со “чиста” плата од 30 милиони евра по сезона плус бонуси. Весникот тврди дека се е подготвено за “зделката на векот”.
Сега шефовите на ПСЖ планираат да се упатат на Камп Ноу и да се обидат да ги убедат во Барса да биде прифатена понудата и да биде избегнато активирање на откупната клаузула која е во висина од 222 милиони евра. Ако клаузулата биде активирана, ќе треба да бидат платени и нови десетици милиони евра за даноци, пишува sport.es. Според специјалистот по спортско право Тиери Грантурко така износот што ПСЖ ќе треба да го плати може да достигне 300 милиони.
Во меѓувреме Нејмар продолжува да игра одлично и да бележи голови во предсезонските натпревари, но според каталонските медиуми во соблекувалната на Барса веќе биле песимисти за останувањето на фудбалерот кој се чини дека е решен да го напушти тимот.





