Нетпрес: Истрагата за „Пулс“ е најбрзо завршена истрага во историјата на Македонија – за 90 дена кривични пријави против над 70 лица

„Внатрешната контрола на МВР уште пред еден месец ги завршила сите предистражни дејства во врска со дискотеката ‘Пулс’.Според согледаните активности истрагата за случајот ‘ПУЛС’, спроведена од институциите на системот, досега претставува најбрзо завршена истрага со ваков обем и број на вклучени полициски службеници во историјата на Македонија без да се смета кој од кога бил полицаец, или раководител, или функционер. Со завршена постапка и поднесени кривични пријави за само 90 дена против повеќе од 70 лица, оваа истрага поставува нов преседан во ефикасноста и институционалната координација.“ – објави информативната агенција Нетпрес.

Агенцијата пишува: Внатрешната контрола на МВР уште пред месец дена ги има завршено сите предистражни дејства, кои биле во нејзина надлежност а се поврзани со активности на полициски службеници во случајот „Дискотека Пулс“. На 16.03.2024 година настанот се случува во дискотеката Пулс. На 17 март Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди се вклучува во постапката веднаш по настанот. Формирани биле неколку тима за различни делови на истрагата, кои имале обврска да ги проверуваат за согласности дадени од МВР за дискотеката ПУЛС, проверувани биле претходно пријавени прекршоци и постапувањето на ОВР Кочани, проверувани биле и последните три контроли на угостителски објекти (вклучително и ПУЛС). Во периодот март – април 2025 во исклучива координација и знаење на обвинител при ОЈО за ГОКК, континуирано се преземале дејствија.

Проверувани биле сите аспекти од планот за контроли, постапувања согласно стандарни оперативни процедури, ангажмани на полициски службеници и сите брифинзи во рамки на работењето на полицијата. Разговори се водени со сите полициски службеници, кои ги изготвувале одобрувале плановите, одземани се мобилни телефонски уреди и нивна форензичка анализа, анализирани биле и базни станици за комуникација на полициските службеници, преземани биле уште безбројни останати полициски дејства, за кои јавниот обвинител за се во детали бил информиран. Покрај ова, обвинителот согласно со неговите надлежности самостојно преземал активности и повикувал лица и сведоци.

Триесет дена пред денешниот датум, според нашите информации завршена е целосната постапка од страна на МВР и се е било доставено до надлежното обвинителство. Се поставува прашањето: дали Обвинителството тактизирало, или постапувало посветено? На ова останува одговори да даде обвинителството, или да се чека судската постапка и нејзиниот исход.

Според согледаните активности истрагата за случајот „ПУЛС“, спроведена од институциите на системот, досега претставува најбрзо завршена истрага со ваков обем и број на инволвирани полициски службеници во историјата на Македонија без да се смета кој од кога бил полицаец, или раководител, или функционер. Со завршена постапка и поднесени кривични пријави во рок од само 90 дена за повеќе од 70 лица, оваа истрага поставува нов преседан во ефикасноста и институционалната координација.

Брзината, обемот и комплексноста на истрагата го прават овој случај исклучителен пример на институционална подготвеност и професионализам, за кој македонската јавност досега не веруваме дека била сведок на ваква посветеност и решителност да се расчисти со корумпираните поединци низ институциите во минатото и сегашноста. – објави Нетпрес.