Илија Несторовски погоди за Славен Белупо во ремито 1:1 на гости кај Шибеник во 20. коло од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ).
Напаѓачот на гостите од Копривница само по 70 секунди игра одбиена топка од левиот дирек на домашниот гол ја испрати во мрежата.
За 34-годишниот поранешен репрезентативец на Македонија со 10 гола на 51 натпревар ова е втор погодок во деветтиот првенствен настап сезонава, а постигна и еден во Купот на Хрватска. Првиот го запиша во сензационалниот триумф од 4:1 над шампионот Динамо Загреб.
Пред пет дена Несторовски го продолжи договорот со моментно шестопласираниот тим во ХНЛ до крајот на јуни 2026 година.






