Патниците не можеа да поверуваат кога ја видоа легендарната поп-дива Мадона (59) во летот за економска класа од Лондон до Лисабон. Пејачката инаку најчесто патува со прва класа, каде што може да се пие шампањ и да се истегнат нозете.



Мадона беше облечена во преголема јакна, обвиткана со шамија околу вратот, облечена во фармерки и доста обични чевли. На нејзиното лице немаше шминка. За тој лет Мадона плати само 42 фунти.

Мадона често патува во Лондон, каде што го посетува син Роко, кој живее со својот татко, Гај Ричи. Пејачката, пак, во моментов најмногу време минува во Португалија. Во Лисабон, неодамна таа купи имот, а пред тоа подолго живееше во хотел. Освен Мадона, во Лисабон имоти имаат и Мајкл Фасбендер, Моника Белучи и Џон Малкович.