Петнаесет годишник, кој е обвинет дека во понеделникот заклал 17 годишно момче, можеби ќе треба да биде ослободен од полициски притвор, бидејќи полицијата не може да најде некој што ќе може да му помогне на обвинетиот да го разбере обвинението кога ќе се појави пред судија.
Шведската полиција може да го задржи осомничениот во апс само ограничен временски период, освен ако судијата не одлучи да го продолжи притворот, но без преведувач процесот е блокиран, пишуваат шведски медиуми.
Мартин Персон, советник во Окружниот суд во Хелсингборг, изјави дека двајца вработени од судот биле ангажирани да најдат преведувач во сите можни агенции кои се занимаваат со преведување и преку други канали, но безуспешно.
Ова не е прв случајв пат барател на азил да изврши убиство во Шведска. Најозлогласениот инцидент се случи минатата година кога Александра Мезер, службеничка задолжена околу процедурата за издавање азил, била избодена до смрт од страна на сомалиски мигрант, кој тврдел дека е малолетник, но се покажал дека е возрасен.
Убиството предизвика бес во Шведска и јавноста побара посериозна истрага околу малолетните мигранти, од кои огромно мнозинство се чини се возрасни кои намерно се претставуваат како малолетници.
Шведскиот национален одбор за судска медицина (RMV) во јули објави дека било извршено тестирање на 1.481 мигранти за да се утврди дали лажеле дека биле на возраст помала од 18 години. Од вкупниот број, за 1.215 лица, или дури 86 проценти, било утврдено дека се полнолетни.





