Нема повредени македонски граѓани во вчерашните немирни протести и на денешното импровизирано изјаснување за независност на Каталонија.
Од Минитерството за надворешни работи, досега не се изјаснија дали има повредени македонски граѓани во пресрет на референдумот што се одржува денеска, а кој шпанските власти го оспоруваат.
Дури 17.000 полицајци се распоредени на улиците да го спречат гласањето за независна Каталонија.
Полицијата, сепак, доби упатства да не користи прекумерна моќ кон граѓаните, но 1.300 гласачки места, воглавно во училиштата беа присилно затворени.
Најбогатата шпанска провинција, Каталонија, која учествува со речиси 20 отсто во бруто националниот дохот на Шпанија, бара независност од Мадрид.
Провинцијата, пред три века била припоена кон Шпанија, а за време на диктаторот Франциско Франко бил забранет и каталонскиот јазик.
Шпанските власти одново со казни, уцени, пресуди на Врховниот суд го оспоруваат правото на 7,5 милиони жители да се изјаснат за својата иднина, во или надвор од Шпанија.
Денешниот референдум се третира за илегален, а на организаторирте им се закануваат тешки парични и други казни.
Како што дознава „Expres.mk“ летови за Барселона има секој петок и понеделник и тие за сега не се одложени.





