Општина Патрас категорично ја демантира информацијата во медиумите, во која погрешно се наведува дека била дадена дозвола за одржување митинг во градот „за името на ПЈРМ“.



„Во денешниот локален весник, се наведува дека Општина Патрас дала дозвола да се одржи митинг за името на ПЈРМ, се вели во соопштението од општинските власти.

Цврсто одрекуваме дека е дадено такво овластување од страна на општината.

И денешен „Катимерини“ објави дека по митинзите во Солун и во Атина, на 25 февруари ќе се одржел митинг во Патрас, а на 4 март и на граничниот премин Евзони во Кукуш.