Детската клиника во Скопје се соочува со недостиг на медицински сестри и покрај 14-те нови вработувања кои беа направени пред почетокот на изборниот процес.
„На крајот на минатата година примивме 14 медицински сестри, пред да започне изборниот процес. Секако, кога ќе заврши процесот, повторно ќе аплицираме за нови вработувања за медицински персонал со средно и административно образование“, изјави Валентина Цвејоска Чолаковска, директор на Детската клиника.
Првите луѓе на Клиниката велат има недостиг од административен кадар кој исто како и здравствените работници ја напуштаат државата.
Според директорката Цвејоска Чолаковска, на Детската клиника нема недостиг од лекари…
„Во последните три месеци двајца професори заминаа во пензија. Во следните три месеци се очекува да се пензионираат уште двајца.
Ова е динамичен процес. Во моментов имаме доволно лекари, имаме голема група лекари кои се на специјализација.






