На две недели до стартот на новата учебна година министерката за образование Весна Јаневска уверува дека проблем со учебниците од септември нема да има. Вели дека учениците ќе учат од хартиени учебници и по предметите историја и општество за 5 и 6 одделение, историја и географија за 7-мо одделение, нешто што не било случај минатата учебна година.
- „Сега децата ќе имаат печатени хартиени книги пред себе, изработени во вид на мтеријали за учење од страна на бирото за образование и поедини автори“, рече Весна Јаневска, министерка за образование.

По бројните реакции на родители и наставниците за квалитетот на учебниците и содржините во нив, Јаневска најави дека на јавна расправа во моментот се наоѓаат наставните планови и програми за 7 и 8 одделние. Потоа ќе бидат ставени за 6 и 9 оддление, па од прво до петто оддление.Но оти тоа е процес кој неможе да се направи за два до три месеци.Сепак болна точка останува драстичниот пад на бројот на ученици.Од септември бројот на првачиња ќе биде помал за околу 600, поради што некои училишта во руралните средини ќе мора да бидат затворени.
- „До први септември ниедно училиште во руралните средини нема да биде затворено. Во 10 општини тој процес е веќе затворен и сега почнуваме работа на 20 други општини. Се прави анализа, зборуваме за оние училишта кои се блиску до централното на 2,3, 5 километри, а каде има по неколку дечиња кои се изолирани во своите рурални средини. Тоа ќе биде од голема корист за ученици, но ќе биде од корист и за државата. Тие училишта можат да се користат за градинка или било што, што е потребно на општината“, додаде Јаневска.

Настава во една смена од 1 септември можат да почнат 124 основни и средни училишта , соопшти Министерството за образование и наука. Според министерката, со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава. Ова за министерството ќе биде периоритет, со што во наредните години сите училишта во државата да бидат прилагодени за таков вид на настава.





