На седница на Владата, на предлог на Службата за заеднички и општи работи, беше формирана комисија со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото – Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и Законот за возила.
Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно идентификување, информираат од Владата.
Владата формираше Советот за јавни финансии кој ќе го сочинуваат претседател, министерот за финансии, а членови се министерот за европски прашања, министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, министерот за јавна администрација, министерот за дигитална трансформација, директорот на Царинската управа, директорот на Управата за јавни приходи, директорот на Бирото за јавни набавки, претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки и главниот државен ревизор.
Владата усвои информација за реализација на проекти од Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Со информацијата се опфатени следниве проекти: изградба на спортска сала во Воена академија – Скопје (спортската сала ќе се гради во комплексот на касарната во општина Аеродром. Истата ќе биде наменета за питомците на Воената Академија. Реализацијата на истата ќе се одвива 2024 и 2025 година), проект санација на спортска сала Расадник, Општина Кисела Вода, (во соработка со општина Кисела Вода ќе се изврши реконструкција на постоечкиот објект.
<





