Иако денеска истекуваат 48. часа во кои Апелациониот суд треба да донесе одлуки по жалбите на врвот на ВМРО ДПМНЕ за враќање на пасошите, од судот информираа дека одлуките ќе и бидат достапни на јавноста дури утре. Телевизијата Алсат М пренесува дека од Апелација соопштиле дека за сега е поставена само структурата на документот.



Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер се обвинети во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за злосторничко здружување, злоупотреба на пари во изборна кампања и повреда на избирачкото право.

Во петокот на јавна седница во скопска Апелација тие тврдеа дека не се чувстуваат виновни, не планираат да бегаат, ниту да ја попречуваат судската постапка. Од СЈО, пак, инсистираа на притвор поради можност за бегство и влијание врз сведоците. Поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер не се појави во судот. За него одбраната достави лекарска потврда дека е со нарушена здравствената состојба.