На Меѓународниот ден на жената 8 Март на социјалните мрежи потестуваат на обраќањето на Наташа Струмениковска од СДСМ-Битола од пред неколку години, кога нагласи дека нејзината партија не ги делела жените ни по родова структура, а најмалце по – пол?!



„Најголем број на самохрани мајки се жени. Осми Март не е само празник на жената, празник на мајката, 8 Март е и празник на сите жени. СДММ од Битола на нашите сограѓанки ќе им подели 100 каранфилки. Ќе бидат случајно одбрани жени, кои по Широк Сокак денес се движат по нашите улици. Секоја жена за нас е подеднакво важна. Нема да ги делиме жените ни по родова структура, ни по вработеност и невработеност, најмалце по пол“, ќе порача тогаш Струмениковска.