Невремето остави пустош во скопската населба Хиподром (ГАЛЕРИЈА)

Силното невреме, проследено со пороен дожд, ветер и град, што попладнево го зафати Скопје остави вистински пустош зад себе во населбата Хиподром.



Десетици паднати дрвја и искршени автомобили, натстрешници, урбана опрема, одлепени термофасади, скинати кабли, една целосно „откриена“ зграда со лимен покрив, со делови расфрлени низ целата населба, а едно големо парче заврши и на далноводот што минува низ населбата, сведочат за силата на природната непогода.

Екипи на ЕВН, на ЈП „Водовод и канализација“ и на ЈКП „Гази Баба“ сè уште работат за отстранување на последиците од невремето, а припадници на МВР ги евидентираат штетите врз возилата.