Невладини и професори ќе вршат мониторинг врз работата на судскиот совет

Законот за судски совет треба да претрпи промени, уште повеќе потребно е да се менталитетот на судиите за чесно да се работи, порача претседателката на судскиот совет Весна Дамева.



„Колективна одговорност не треба да има, треба да има индивидуална одговорност, но верувајте дека таа индивидуална одговорност, барем во овој момент, не како претседател на судскиот совет, како член сум спречена, затоа што нема во законот доволно основи предвидено и дефинирано постапка за која би можело дали овој член дали некој иден член на судскиот совет да сноси одговорност за одредени негови несовесни, нечесни, противзаконски дејствија и слично„, рече Весна Дамева, претседателка на судски совет.

Токму начинот пак на санкционирањето на судиите од страна на судскиот совет ќе биде под лупа на невладините организации – Тим предводен од професорот Денис Прешова заедно со други професори од областа на правото и членови на невладината „Коалиција сите за правично судење“ ќе вршат евалуација на дисциплинските постапка поведени против судии во периодот од 2019 до 2023 година. Предмет на проверка ќе бидат 20 предмети, а мониторинг ќе се врши и во самата работа на советот.

Преку евалуацијата и истражувањето кое ќе биде спроведено ќе се овозможи да се види кои се добрите практики што судскиот совет ги има во рамки на постапување и спроведување на овие дисциплински постапки, меѓутоа ќе можеме да видиме кои се недостатоците и дали имаме потреба од измена на законот за судскиот совет или од постапувањето во праксата на судскиот совет„, рече Ивана Петковска Петковска, програмски координатор во Коалиција „Сите за правично судење“.

Сето она што овој тим ќе го детектира како слабост во работата на судскиот совет и постапувањето во дисциплински постапки ќе биде презентирано во март следната година кога ќе се излезе и со препораки за подобрување на работата на советот. Ова истражување пак доаѓа во време кога власта бара сериозни реформи односно дури и распуштање на судскиот совет, а неодамна во Влада беше одржана и средба помеѓу претседателката Дамева и премиерот Христијан Мицкоски.

Извор :https://alsat.mk/mk/nevladini-organizatsii-i-profesori-od-oblasta-na-pravoto-vo-naredniot-period-ke-vrshat-monitoring-vrz-rabotata-na-sudskiot-sovet/