Невидена манипулација и злоупотреба на малолетни девојчиња за политички цели во кампањата

Политичката партија ДУИ прави грозоморна злоупотреба на деца за политички цели покажува видеото објавено на профилот на Бујар Османи.



На видеото се гледа како Османи шета по улици и одеднаш кон него се затрчуваат неколку дечиња кои го гушкаат.

На видеото јасно се гледааат ликовите на децата и е јасно дека се работи за малолетнички.

Според кодексот на изборите но и на општата политичка комуникација ниту една политичка партија или политичар не смее да употребува деца во кампањата.

Според законот ова е можно само доколку родителите на децата однапред се согласиле и потпишале согласнот дека нивните деца можат да бидат сликани и да им се открие идентитетот на децата.

Доколку родителите однапред потпишале согласност децата да бидат употребени во политичка кампања тогаш Османи прави манипулација во обидот да прикаже дека сосема случајно деца на улица го сретнале и тргнале да го гушкаат.

Зошто Османи користи деца во кампањата знаејќи дека тие не гласаат засега е нејасно.

Во секој од двата случаи Османи со видеото прави манипулација пред јавноста.