Неверојатно: До 135.000 евра за гробно место на гробишта во Загреб

Иако законот за гробишта во Хрватска, усвоен во април, јасно забранува продажба на места за гробови, практиката покажува спротивно.



Местата за гробови се рекламираат под терминот „отстапување“, иако во реалноста ова вклучува паричен надомест – што е законски дозволено ако се склучи договор кај нотар.

Огласите се преплавени со понуди. Цените се движат од симболични неколку стотици евра, до вртоглави износи што ја надминуваат вредноста на становите во помалите градови. Најскапите, како што се очекуваше, се во Загреб, а особено на гробиштата Мирогој.

Таму, особено во Алејата на великаните и во близина на познатите аркади, гробовите достигнуваат цени од над 100.000 евра. Еден таков, со шест места за погребување и можност за поставување урни, се продава за дури 135.000 евра.

Уште два гроба, лоцирани веднаш до последното почивалиште на првиот хрватски претседател, Фрањо Туѓман, се нудат за цена од 90.000 евра.

На истата локација, но подалеку од аркадите, се продаваат гробови за цена помеѓу 6.000 и 20.000 евра, а некои огласувачи нудат да ги заменат за автомобил или друг недвижен имот.

На другите загрепски гробишта цените се значително пониски – од 2.000 до 15.000 евра, додека на некои места се бараат дури и 20.000 евра, на пример за гроб со веќе поставен надгробен споменик, N1.