Неважечките ливчиња ќе го одложат победникот во десетици општини

Неважечките ливчиња на ќе одложи голем дел од победите во битката за градоначалници во десетина македонски општини.



Поради разочараноста кај партиските симпатизери од некои градоначалници или кандидати се очекуваат десетици илјади неважечки места кои што ќе ја отежнат победата на многу градоначалници уште во првиот круг.

Најголемо незадоволство поради кое што ќе се чкртаат ливчињата се јавува во општините каде што партиие кандидираат градоначалници и советници по втор, трет дури и по четврти пат. Слични проблеми партиите можат да очекуваат и таму каде што кандидатите се наметнати решенија од партиските централи а немаат соодветна поддршка во локалната заедница.

Причината е тоа што со зголемување на бројот на неважечки ливчиња се намалува бројот на гласовите од кои што победникот треба да добие 50 % плус еден глас ако на изборите излегле една третина од запишаните во избирачкиот список.

Со други зборови, ако во општина со 10 илјади гласачи на гласање излезат 3301 гласач а нема неважечки ливчиња доволно е еден кандидат да има 1651 глас за да победи уште во првиот круг.

Но ако меѓу тие што гласале има стотина неважечки ливчиња тие се тргаат од вкупната бројка на ливчиња и победникот мора да ги надомести за да дојде до половина плус еден глас колку што е доволно за победа.

На последните локални избори во 2013 година од вкупно 1 милион 164 илјади гласови дури 40 или речиси 4 % од гласачите во гласачките кутии фрлиле неважечки ливчиња често пати со некакви шеговити пораки.