Не престанува грчкиот „рафален оган“ кон Македонија

Грција бара хармонична соработка со своите балкански соседи и се залага за нивните европски изгледи, но бара слично однесување од нивна страна, рече претседателот Прокопис Павлопулос, за време на посетата на градското собрание на Халкидона, град во близина на Солун.
Павлопулос зборуваше за „неспорниот“ грчки карактер на Македонија и, коментирајќи го ставот на ПЈРМ за прашањето за името, нагласи дека тоа претставува „очигледно фалсификување на историјата и зрачење иредентизам“, пренесоа грчки портали.
Тој, исто така, го коментираше и почитувањето на човековите права, малцинствата и правото на сопственост во Албанија и потенцираше дека дека таа земја мора да ги почитува правилата на ЕУ. Албанија мора да го најде својот европски пат, но за да се случи тоа, Албанија мора да прифати однесување на земјата-кандидат за пристапувањеј.
Според него Грција сакала да соработува со БЈРМ и со Албанија и позитивно гледа на нивните ввропски перспектив, пренесува Tonos.news, но државите сами ги поткопувале своите изгледи” со нивното однесување.
Зад „загриженоста“ на Павлопулос за европските перспективи на соседите, се крие отворена закана за блокирање на влезот во ЕУ, доколку соседите не играат според грчки ноти, а изјавата доаѓа како дел од рафалниот оган кој во изминативе неколку дена доаѓа од него, од министерот за одбрана Панос Каменос и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас.