Најчевска: Османи повикува на насилно уривање на уставниот поредок и на насилство, велејќи дека „нема Влада без победник со победник“!

Во врска со изјавата на Бујар Османи, кој е министер за надворешни работи и портпарол на ДУИ, дека „нема да има Влада без принципот ‘победник со победник’, универзитетската професорка Мирјана Најчевска реагираше на својот фејсбук-профил: „За ваква изјава Османи треба кривично да одговара. За обид за насилно уривање на уставниот поредок на државата! Ова е директен повик на насилство, на дејствување надвор од Уставот и од законите! Насилниците мора да бидат отстранети од Собранието, за да почнеме да градиме демократска држава, која се засновува врз правото.“



Инаку, ТВ Алсат околу споменатата изјава на Бујар Османи имаше објавено: „Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата на Ахмети, тоа нема да се случи и ќе се почитува волјата на народот. „Влада без принципот ‘победник со победник’ нема да има. Тоа нема да се случи, волјата на народот не може да се наруши ниту денес, ниту било кога.“ – нагласи Османи.“