Професорката Мирјана Најчевска тврди дека е противуставно од (идните) пртатеници во Собранието да се бара да се изјаснат на која етничка заедница припаѓаат.
„Зошто од кандидатите за пратеници се бара да се изјаснат за етничката припадност?
Ова е спротивно на Уставот и на ратификуваните конвенции.
Зошто ни е?
Да се пребројуваме по етникум наместо по квалитет? Однапред да заглавиме во етнички табори кои работат за тесна група луѓе?
Според Конвенцијата за заштита на националните малцинства која е ратификувана од Македонија секој припадник на национално малцинство има право слободно да избере да биде или да не биде третиран како таков“ пишува Најчевска




