Професорката Мирјана Најчевска смета дека приемот на Бугарија во Шенген било можност Европската унија да изврши притисок врз Бугарија да го симне ветото за Македонија, но дека преовладал геостратешкиот интерес а не европските вредности и принципи.
„ Ако сакаше ЕУ можеше да ја искористи оваа можност и да ја притисне Бугарија да го симне ветото кон Македонија.
Меѓутоа прокламираните вредности и принципи, ЕУ нема проблем да ги жртвува кога е во прашање геостратешкиот интерс.
Леснотијата со која ЕУ се откажува од принципите и вредностите е според мене многу страшно, ако се има предвид дека во моментов ЕУ е носител на највисокиот демократски и правен развој на Земјата“, вели Најчевска.






