„Ова со државнотворен народ почнува да станува многу смешно“, објави на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска во контекст на инсистирањето на една етничка група во земјава која инсистира да биде признаена за државотворен народ во Макдонија.
„Албанците сакале да имаат држава Албанија. Бугарите Бугарија, вели Најчевска .
„Ниту една држава не е етнички чиста.
Ама државите се создадени од припадници на конкретна група или групи луѓе кои сакале зедно да живеат и ја гледле иднината како заедничка. Тоа не значи дека другите не треба да имаат права или дека треба да се асимилираат.
Само едноставно не се државнотворни.
Историски гледано Бугарите не сакале да формираат држава Македонија.
Србите не сакале да формираат држава Македонија.
Албанците не сакале да формират држава Македонија.
Ама тие се родени тука на оваа територија и врз основа на тоа имаат права поврзани со нивниот идентитет, култура и јазик како малцински заедници.
Како граѓани на државата ги имаат апсолутно истите права и обврски кои ги имаат и сите други граѓани“, пишува Најчевска.
Околу државотворноста Најчевска уште пишува:






