Најчевска: Акт на непријателство е мешањето на премиер на друга држава во Уставниот суд на Македонија

Професорката Мирјана Најчевска остро реагира на вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама кој по средба со делегација на ДУИ предводена од лидерот Али Ахмети, порача дека „албанскиот јазик, ниту граѓанските права, што ги здобија Албанците во * Македонија, не се прашање за Уставен суд, на закони или на привремена волја на политички партии, кои се менуваат на изборите“.



Во уште една објава утрово Најчевска дообјаснува:

Етничките Албанци во Македонија не се државотворен народ.

Тие историски биле против Македонија и во повеќе наврати низ историјата го манифестирале ова.
Етничките Албанци во Македонија се етничко и јазично малцинство кое треба да ги има сите права согласно меѓународните акти и на кое треба да му биде зштитен јазичниот и културниот идентитет согласно меѓународната регулатива без нарушување на унитарниот карактер на Македонија (што е потенцирано и во мировниот договор од Охрид).

Мислам дека е време да се промени Преамбулата на Уставот.
Историски државотворен народ на Македонија се единствено Македонците и сите оние кои себе се перципираат како Македонци. Сега Македонија е граѓанска држава во која сите индивидуи имаат исти права и слободи а етничките и јазичните малцинства имаат посебна зштита во однос на нивниот јазичен и културен идентитет.

Јас не гледам на кој начин е загрозен албанскиот јазик во држава во која сите нивоа од образованието се одвиваат на албански јазик, во кона постојат културни институции на албански јазик и во која може да се зборува и твори на албански јазик.

Јас лично сметам дека етницитетот треба да стане дел од приватната сфера и ќе се борам за тоа затоа што верувам во Земјата како заеднички дом на сите луѓе, меѓутоа тоа не го менува историскиот факт на тоа кој е државнотворен народ во Македонија“, пишува професорката Најчевска.