Една од најубавите, ако не и најубавата светска ракометарка Норвежанката Нора Мерк била цел на хакерски напад по што низ социлајните мрежи излегоа нејзини интимни фотографии со експлицитна содржина. Членката на Ѓер со солзи во очите и со огромно разочарување рече дека сакала да побегне од се.
„Кога дознав за фотографиите, сакав да купам авионски билет за спротивната страна на светот и да останам таму до Божиќ. Но, не сакав да му дозволам на тој што го направи тоа да ми го сруши сонот да станам најдобра ракометарка на светот“, вели Нора.
20 годишно момче од Норвешка е уапсено и признало дека го хакирало телефонот на Нора пред два месеца кога била со својата репрезенатција, по што веднаш започнало лиферување на фотографиите кои привлекле многу корисници на интернет.
„Не јадев, не спиев, се плашев и сето тоа се одрази на играта, но настрана ракометот, јас бев скршена и животот ми се искомликува“ Нора признава дека попуштила психички по целиот настан.




