Најстарата европска институција сака да бира амбасадори на РМ

“ Заштита на угледот на македонската дипломатија” е насловот на писмената декларација посветена на Македонија подготвена од Парламентарното Собрание на Советот на Европа објавена пред десетина дена.



Декларацијата е објавена на официјалната страна на Советот на Европа и се случила откако владата наложи да се поништи поставувањето на Александар Николоски од ВМРО – ДПМНЕ за Амбасадор и Шеф на Мисијата на Република Македонија во ЕУ.

Педесет и четири пратеници од дваесет и две европски земји со свои потписи бараат владата веднаш да прекине со неодговорното однесување, да не го блокира поставувањето на Николоски и на тој начин да го заштити угледот на македонската дипломатија, како и да помогне во забрзување на евроинтеграциите при што се нагласува дека поставувањето на Николоски во Брисел ќе го забрза процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

Целата писмената декларација на ПС на Советот на Европа:

“ Писмена декларација  “ Заштита на угледот на македонската дипломатија”
Ја изразуваме нашата загриженост од последните активности на Владата на Република Македонија, особено кои се однесуваат на нејзиното неодговорно однесување во делот на дипломатијата.
Главната стратешка ориентација на Република Македонија е да се приклучи на Европската унија и НАТО и ние ги подржуваме тие интеграции. Овој процес е за сите граѓани и мора да биде подржан и од власта и од опозицијата. Дипломатските активности се клучни за овој процес“.

Според извори во СДСМ се работи за резултат на лобирање во европските институции кај нивните партнери кое што е платено со пари од граѓаните а во врска со Николовски ќе се почитуваат сите законски и дипломатски правила.