Во бразилската држава Маранхао која се наоѓа на север од големите градови, а под Амазон и прашумата, постои голема пустина која крие чудо кое го прави Националниот парк Lençóis Maranhenses страшно атрактивен во последниот период. Станува збор за песочни дини, за вистинска пустина во која сепак водата се задржува неколку месеци во годината, а со тоа ја создава најспектакуларната плажа на светот. Водата е чиста и исклучително топла, па туристите се повеќе се упатуваат кон локацијата која малку потсетува на сцена ид СФ филмови.





