Арпад Штербик ги остави без зборови коментаторите на ракометниот меч меѓу Рајн Некар Левен и Вардар кога Гвардиола имаше зицер во последната секунда, а потоа на сцена стапи Арпад Штербик.
Еуфорија во салата прелеана и кај новинарите при 21-21 и доволно време за цел и организиран напад. Се тече како што треба, чиста позиција, и одеднаш Не, не, не …..и молк. Тоа е тежината на коментаторската работа.




