Најмалку 95 загинати во земјотрес на Тибет

Во емјотресот што денеска ја погоди кинеската автономна област Тибет,досега се регистрирани 95 загинати.



Повредени се 130 лица.

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 10 километри, соопшти Кинескиот центар за земјотреси.

Според Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS), земјотресот бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот е во Тингри, место познато како порта за највисокиот врв на планетата Еверест на Хималаите.

Во близина се наоѓа вториот по големина град на Тибет – Шигатсе, како и градот Гјанце, познат по своите историски градби.

Земјотресот предизвика штети и во соседните земји Непал, Бутан и Индија. Спасувачките операции се во тек, а жителите се евакуираат за да се избегнат можни последователни потреси.

Шигатсе се наоѓа во северното подножје на Хималаите, каде што традиционално е резиденција на една од највисоко рангираните личности во тибетскиот будизам – Панчен Лама.