Рафаел Надал од денеска повторно е најдобар тенисер на светот според рангирањето на АТП. Ова за Шпанецот е четврто враќање на врвот и се должи на отсуството на повредениот Мареј кој остана втор со само пет поена пред третиот Федерер. Двајцата инаку зад Надал доцнат околу 500 бода што е достижно на само еден турнир.
Кај девојките Катерина Плишкова остана број 1, но само пет бода пред Симона Халеп. Трета е Мугуруза, а нашата Ѓорчевска остана 211.
Еве ги најдобрите поени на новиот тениски крал, Надал.





