Смоквите спаѓаат во настарите култивирани овошја. Стеблото на смоквата се нашло во Рајската градина, се спомнува во Вавилонските написи, а Сунераните ја користеле смоквата во лековити цели, во 2900 година пред Христос. Смоквата била омилено овоштие на Клеопатра и на ателитачите на Олимпијадата, на кои им биле делени смокви како медали.На Медитеранот, смоквите дошле од Индија преку Турција.



Смоквите можат да се јадат свежи или суви. Тие можат и да се замрзнат и да се шуваат до 6 месеци.Сувите смокви се чуваат на ладно и темно место или во фрижидер неколку месеци.

Од витамини, свежата смоква содржи: витамини од Б групата, витамин Е, К и малку витамин Ц.Во 100 грама свеж плод на смоква има 3 грама влакна, 31 милиграма фитостероли и 85 μg бета-каротин.


Од витамини, сувата смоква содржи малку витамин Ц, витамини од групата Б, витамин Е и К. Во 100 грама сув плод има 9,8 g влакна, 32 mg лутеин-зеаксантин.

Свежата смоква делува смирувачки при воспаление на дишните патишта. Содржи висок процент на вода и природни шеќери, па е корисна при опоравување од исцрпеност и е природен „чистач“ на организмот.

Природните шеќери од смоквата ја стимулираат работата на мозокот и го зголемуваат памтењето.

Во народната медицина е познато дека мелените смокви се добри за чистење на лицето, а помагаат и при лекување на акни на кожата.

Листовите на смоквата се лековити и може да се јадат. Докажано е дека тие имаат антидијабетско дејство, ги намалуваат триглицеридите во крвта, а помагаат и во кочењето на растот на клетките на ракот.