Според новите податоци на Народна банка, граѓаните и фирмите заедно на банките им должат нешто повеќе од 7,6 милијарди евра.
Компаниите должат 3,6 милијарди евра, додека домаќинствата се најголеми должници и нивниот долг е над 3,9 милијарди евра.
Од Народна банка појаснуваат дека кредитите за месец август се зголемени за 0,5 отсто, додека на годишно ниво растот на кредитите е 7,5 отсто.
Кредитите за корпоративниот сектор во август бележат месечен и годишен пораст од 0,5 отсто и 8,1 отсто, што е резултат на растот на кредитирањето во денари, додека кредитите во девизи се намалени, посочуваат од Народна банка.
Кредитите за физички лица во август се повисоки за 0,4 отсто во однос на претходниот месец.






