Нарко бос, државјанин на Македонија, уапсен во Женева

Mафијашки бос за кој се вели дека е македонски државјанин и кој бил баран низ цела Европа, бил уапсен вчера на аеродром во Женева.



Како што објавува порталот Блик,  потрагата по него траела со години поради неговата вмшаност во организиран криминал.

Швајцарската полиција соработувала со меѓународните безбедносни служби за да ја организира оваа акција.

Засега не се откриваат дополнителни детали за неговите криминални активности, но се знае дека станува збор за сериозни обвиненија поврзани со организиран криминал.

Уапсениот ќе остане во притвор додека се подготвува неговата екстрадиција во земјата каде што е обвинет. Властите најавија дека во наредните денови ќе објават повеќе информации за случајот.