Неверојатна приказна која ја доживуваат станари во станбен комплекс среде Скопје кои мораат да плаќаат адвокатски трошоци на фирмата од која ги купиле становите затоа што станарите бараат објаснување.
Станарите меѓу другото се уште немаат добиено имотни листови.
Клиенти што бараат објаснување сега во сметките за одржување кои одат до речиси 10 илјади денари месечно откриваат сериозни проблеми со ,,гнојот” Лимак Дајмонд како што ја нарекуваат фирмата.

Сопственикот на најголемиот македонски агрегатор на вести Игор Трајковски открива дека предмет на ставката адвокатски трошоци се само станарите кои барале објаснување од компанијата.
,,Сагата со DIAMOND, гнојот во центарот на Скопје,
продолжува на ново ниво. Кај уште не даваат имотни листови, дури ни ставија нова ставка за адвокатски трошоци што ги имаат поради тоа што им се буниме и им бараме објаснувања, и тоа пази …. само на тие што се бунеа”, пишува Трајковски кој својот коментар го завршува со заклучокот ,,какви копита”.
Трајковски додава дека во речникот на менаџментот на фирмата не постои фразата правна основа:
,,Само насилие, закани, уцени или игнорирање. А ако се обратиш официјално со адвокат добиваш на фактура одговор”.






